Блог
Што очекуваат американските компании од dispatcher што работи од Европа
 Што очекуваат американските компании од dispatcher што работи од Европа

Американските транспортни компании сè почесто вработуваат dispatcher-и кои работат од Европа. Причините се јасни: квалитетен кадар, добра работна етика и можност за 24 часовна покриеност. Но, иако работата е remote, очекувањата од улогата остануваат исти како и за dispatcher што работи директно од САД.

Работата со американски клиенти, возачи и брокери носи свои специфики, од начинот на комуникација, преку организацијата на работниот ден, до одговорноста и брзината на реакција.

Разбирањето на овие очекувања ти помага полесно да се вклопиш и да покажеш професионален пристап кон работата.

Во продолжение ги разгледуваме најважните нешта што американските компании ги очекуваат од dispatcher што работи од Европа.

1. Солидно познавање на англискиот јазик

Англискиот јазик не е плус, туку основа. Компаниите очекуваат dispatcher кој може јасно, самоуверено и професионално да комуницира со возачи, брокери и клиенти, без недоразбирања и двоумење.

Ова значи:

Недоволното владеење на јазикот често се гледа како ризик, бидејќи секоја погрешно пренесена информација може да значи доцнење или финансиска загуба.

На Continental Dispatch Academy, комуникацијата на англиски јазик се вежба преку реални сценарија, со што студентите се подготвуваат за вистински разговори уште пред да започнат со работа.

2. Професионална комуникација и работна етика

Американските компании обрнуваат големо внимание на начинот на кој dispatcher комуницира. Се очекува јасен, смирен и решителен пристап, дури и кога ситуацијата е стресна.

Тоа вклучува:

Dispatcher што работи од Европа мора да покаже дека е подеднакво одговорен и достапен како и колега што седи во канцеларија во САД.

3. Способност за самостојна организација и дисциплина

Remote работата бара високо ниво на самодисциплина. Американските компании очекуваат dispatcher кој знае да го организира својот ден, да ги следи задачите и да ги постави приоритетите без постојан надзор.

Ова значи:

Компаниите многу брзо забележуваат дали некој е организиран или се губи во секојдневните обврски.

4. Познавање на dispatching процесите и терминологијата

Од dispatcher што работи од Европа се очекува веќе да ги познава основните процеси и термини. Нема простор за учење од нула додека си на позиција.

Тоа подразбира:

Колку побрзо се снаоѓаш во овие процеси, толку поголема доверба добиваш од компанијата.

На CDA, токму ова е еден од клучните фокуси на обуката, практично запознавање со процесите што реално се користат во американските компании.

5. Одговорност и способност за работа под притисок

Во американската логистика, проблеми секогаш ќе има. Доцнења, откажани товари, незадоволни клиенти. Она што компаниите го ценат е начинот на кој dispatcher реагира.

Се очекува:

Dispatcher кој знае да се справи со притисок е огромна вредност за секоја компанија.

6. Долгорочна посветеност и сериозен пристап

Американските компании не бараат привремено решение, туку луѓе со кои сакаат да градат долгорочна соработка. Честото менување на работа или несериозен пристап остава лош впечаток.

Се цени:

Dispatcher што покажува дека гледа на оваа професија како кариера, а не како краткорочна работа, секогаш има предност.

Кога ги знаеш очекувањата, полесно градиш кариера

Работата како dispatcher за американска компанија од Европа е реална и достапна можност, но бара сериозна подготовка. Колку подобро ги разбираш очекувањата, толку полесно се вклопуваш во тимот и покажуваш дека си подготвен за одговорноста што ја носи позицијата.

Со правилна обука, практично знаење и јасна слика за тоа што се очекува од тебе, можеш да изградиш стабилна и долгорочна кариера во американската транспортна индустрија.

СПОДЕЛИ НЀ: